Република Македонија
Лице за контакт во Република Македонија е директорот на Државниот инспекторат за труд
Во Република Македонија областа на безбедност и здравје при работа е под надлежност на Државниот инспекторат за труд кој е орган во состав на Министерство за труд и социјалана политика.
Државниот инспекторат за труд како орган во состав на Министерство за труд и социјална политика, преку своите инспектори за труд врши инспекциски надзори над примената на Законот за работните односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за инспекција на трудот, Законот за државни службеници, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за агенции за привремени вработувања, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за вработување на странци, Законот за волонтерство, законите од областа на образованието, Законот за трговија, Законот за заштита од пушењето, Колективните договори, Договорите за вработување, подзаконските акти од областа на безбедност и здравје при работа и други прописи.
Безбедност и здравје при работа е мултидисциплинарно подрачје во кое постојат голем број на прописи кои се однесуваат на специфични дејности и процеси на трудот.
Безбедноста и здравјето при работа како збир на мерки, нормативи и стандарди пропишани за создавање на безбедни услови за работа во Република Македонија претставува уставна категорија.
Безбедноста и здравјето со нашата легислатива е концептирана како составен дела на организацијата на работата и на работниот процес и врз таа основа се обезбедува за секој работник и за секоја корисна работа, без оглед на видот и сложеноста на работа, што е во согласност со уставното начело за правото на секој вработен на заштита при работа.
Овој сложен термин ,, Безбедност и здравје при работа ,, не се означува само заштитата на вработениот од физички повреди и професионални заболувања, туку и заштита на неговата психичка ( морална ) личност, што претставува комплексно прашање кое во денешно време станува се поактуелно.
| Agency's resources | |
|---|---|
| Publications | Risk observatory |
| Risk assessment tools | Case studies |
| Useful links | Providers |

